Викендов санкционирани 312 учесници во сообраќајот

Викендов на подрачјето на СВР Скопје беше реализирана акциска сообраќајна контрола при што беа санкционирани 312 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот.

Од Министерството за внатрешни работи  соопштија дека од приведените,  49 возачи е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, потоа 37 лице управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 16 возачи, кај 16 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло, 19 возачи  управувале возила со над дозволената брзина од кои три возачи  управувале возило со над 90 км на час во населено место, изречени се пет прекршоци за некористење на сигурносен појас.

Исто така беа изречени 10 прекршоци за зборување на мобилен телефон, за непрописно престројување пред крстосница изречени е четири  прекршоци, потоа 12 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 61  прекршок за неправилно и непрописно паркирање, за недавање на првенство на минување на пешаци изречени се шест прекршоци и со пајак службата подигнати се вкупно 71 возило.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.