Викендов Скопски цветен фестивал во Градски парк

Во текот на претстојниот викенд (16.05 и 17.05.2015 година, сабота и недела) од 10 до 1ивал9 часот во вториот дел од Градскиот парк, на просторот наспроти „Паркот за миленици“, ќе се одржи вториот Скопски цветен фестивал.

Фестивалот на цвеќето ќе почне в сабота (16.05.2015 година), во 10 часот со настапи на деца од градинки и основни училишта од Скопје, КУД Орце Николов,  Ритам плус, Ребис и Прима данца.

Просторот на кој ќе се одржува фестивалот ќе биде поделен на три зони. Првата зона ќе биде намената за креативни работилници, анимации, креации, иновации и идеи. Вработени во ЈП „Паркови и зеленило“ ќе учествуваат на креативните работилници и на сите заинтересирани учесници ќе пренесуваат искуства за правилно садење и одгледување цвеќиња. Учесниците во работилниците ќе можат да научат и  како да изработат цветно оригами, венчиња за девојчиња, како да направат цветен  аранжман…

Во втората зона – зона за промоција, познати цвеќари и фирми за хортикултурно и пејзажно уредување ќе изведуваат мини градини. Во оваа зона своите вештини ќе ги покажуваат стручни лица од ЈП „Паркови и зеленило“, Шумарскиот факултет, СУГС „Браќа Миладиновци“, СУГС „Георги Димитров“, Грин планет, Хортиексперт, Хорти дизајн, Маган мак, Евгени, Китка планет фарм,Гарден центар Рушити од Тетово,  Биро проект, Гео Инг, Флораком, Сардонекс, Дамбо цвеќе и подароци, купи момент, Градина цвет од Струмица и  СОУ „Димитар Влахов“ од Струмица.

Во овој дел граѓаните ќе можат и да купат цвеќе по намалени цени и тоа: цветен расад за сезонски цвеќе (бегонија, петунија, импатија …) од 25  до 150 денари; саксиски култури  од 90 денари; саксиско цвеќе од 150 денари; зачински билки од 25 денари; украсни треви од 50 до 60 денари; висечки саксии од 150 до 300 денари; како и промотивни цени на орхидеи од 550 денари.

Во третата зона – зона за забава и еко-пикник, граѓаните ќе имаат можност да погледнат цветни перформанси, да вежбаат аеробик, зумба со своите деца и да слушаат музика во прекрасниот цветен амбиент.

На ЦВЕТНИОТ ФЕСТИВАЛ се промовира одгледувањето цвеќе во затворен и на отворен простор, а граѓаните, особено најмладите, ќе имаат можност да се вклучат во креативните работилници, да ја покажат својата креативност и да научат корисни совети како да одгледуваат цвеќиња.