Викендов сонце, од среда повторно врнежи

Времето денеска е променливо облачно со сончеви периоди. Попладне со услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи особено во крајните источни и западни делови. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и на исток повремено засилен севрозападен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХР).

Максималната температура ќе се движи од 20 до 28 степени.

Оттаму додаваат дека утре ќе има услови за локална нестабилност уште само во северозападните делови со појава на краткотраен пороен дожд. Во недела и понеделник ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена облачност и со пораст на дневната температура. Преодна нестабилност се очекува повторно во среда.