Викендов совршено време за прошетки: сончево и топло

Утрово цела Македонија беше со минусни температури, а метеоролозите предвидуваат дека од утре ќе настапи постепено зголемување на температурите.

Според метеоролозите се очекува дека и утре утринските температури ќе бидат ниски. На повеќе места ќе се спуштат помеѓу минус 10 и минус пет степени. За време на викендот во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на слаба магла.

vikend_pr

Според порталот acuuwether.com топлото време ќе се задржи и во првите два дена од следната седмица, а дневните температури ќе се искачат до 7, односно до 8 степени.