Викендов стабилно и суво време

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност, а претпладне по котлините ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус еден, а дневната од два до 12 степени.

Во Скопје претпладне времето ќе биде умерено облачно со слаба магла, а попладне сончево. Утринската температура ќе се спушти до минус шест, а дневната ќе достигне до четири степени.

Во наредните два дена ќе се задржи стабилно и суво време со појава на магла по котлините.

Од недела попладне ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат претежно со слаб интензитет.