Викендов стартува главниот дел од ракометната машка лига

Главниот дел во домашниот ракометен шампионат стартува престојниов викенд, па поради тоа денеска во седиштето на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за плејоф и плејаут натпреварите.

Во првото коло актуелниот шампион Металург ќе игра против Радовиш, Вардар е домаќин на Прилеп а Зомимак ќе се “судри” со Тинекс Пролет.

Вардар и Металург ќе се сретнат на 9/10 и 30/31 мај, во 5-то и 9-то коло.