Викендов температурен шок – дожд и пад на температурите

Претпладне времето ќе биде сончево со мала облачност, во северните делови со слаб северен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми, ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со појава на град.

Повеќе врнежи се очекуваат во вечерните и ноќните часови, особено во северните делови и локално се очекува да надминат и 25 л/м2. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 36 степени. УВ= 7

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно, значително посвежо и ветровито време со локални врнежи од дожд. Утре претпладне врнежи ќе има претежно во источните делови, а попладне повремени врнежи ќе има во западните делови. Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во наредните денови температурите постепено ќе растат.