Викендов топло, од понеделник уште потопло

Сончево и топло време за денес најавуваат метеоролозите, попладне со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено долж Повардарието и во Пелагонија.

Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени, УВ= 9.

Според најавите, ќе следува период на стабилно, суво и топло време.

Во почетокот на наредната недела се очекува да биде уште потопло, кога на места можно е дневната температура да достигне и до 40 степени.

vikendov-toplo-od-ponedelnik-ushte-potoplo

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.