Викендов топло време, заладување од понеделник

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи викендов не очекува сончево и топло време, а од понеделник не очекува значителен пад на дневната температура, која ќе се движи од 19 до 24 степени.

Утре не очекува сончево време

Утре во Македонија не очекува сончево време. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Во попладневните часови ќе има појава на мала локална облачност.

Утринската температура ќе се движи од  11 до 19, а дневната од 28 до 35 степени.

Во Скопје сончево време со слаб југоисточен ветер и со максимална температура до 35 степени. УВ-индексот ќе има вредност 6.

Северните делови од земјата во жолта фаза

Северните делови од земјата и утре ќе бидат во жолта фаза од метео-алармот во однос на високите температури.

Во недела претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб умерен јужен ветер, а попладне и кон крајот на денот на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има и услови за поинтензивни процеси во форма на невреме со интензивен пороен дожд и засилен ветер. Во текот на ноќта, како и во понеделник ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни со над 30 литри на метар квадратен и проследени со ретки грмежи.

Значителен пад на температурите од понеделник

Во понеделник ќе има значителен пад на дневната температура, која ќе се движи од 19 до 24 степени. Во вторник се уште ќе има повремени врнежи од дожд, а потоа ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневните температури.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.