Викендов трето прскање против комарци

Третото прскање против комарци во Скопје  ќе се одвива викендов во периодот од 5:30 до 8:00 часот.

Третиот наврат на прскање од земја против комарци ќе се одвива од недела до четврток, во периодот од 23 часот па се до 03 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.