Викендов во повеќе општини ќе се прска против комарци

Престојниот викенд ќе се изврши авио третирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција) .

Како што информираат од Мистерството за транспорт и врски, престојното прскање на комарци ќе биде извршено во:

  • Општина Охрид за вкупна површина од 1500 ха – едно прскање на 16.05.2015 година
  • Општина Дорјан за вкупна површина од 1000 ха – едно прскање на 16.05.2015 година
  • Општина Крушево за вкупна површина од 750 ха – едно прскање на 17.05.2015 година
  • Општина Ресен за вкупна површина од 1000 ха – едно прскање на 17.05.2015 година
  • Општина Чешиново-Облешево за вкупна површина од 900 ха – едно прскање на 17.05.2015 година
  • Општина Берово за вкупна површина од 850 ха – едно прскање на 17.05.2015 година

Со дезинсекцијата ќе биде третирана вкупна површина од 6000 хектари,  со  високо квалитетен инсектицид кој се употребува во овој период од годината.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.