понеделник, 26 јуни 2017  |  Вести денес: 30

Викендов во Скопје 15 сообраќајки, едно лице тешко повредено

На подрачјето на СВР Скопје викендов се случиле вкупно 15 сообраќајни несреќи. Во една сообраќајка со тешки телесни повреди се здобил еден сопатник, а со полесни четворица возачи и еден сопатник, додена во останатите девет со полесни повреди се здобиле 16 лица.

сообраќајки

Поврзани вести

Во петокот (10 февруари) се случиле шест сообраќајни незгоди. Во три од нив три лица се полесно повредени, а во три причинета е само материјална штета.

Четири сообраќајни незгоди се случиле во саботата, од кои во три со полесни повреди се здобиле четири лица, а во една е констатирана материјална штета.

Во текот на вчерашниот ден извршен е увид на пет сообраќајни незгоди. Во една незгода со тешки телесни повреди се здобил еден сопатник, а со полесни четворица возачи и еден сопатник.  Во три сообраќајки со полесни повреди се здобиле девет лица, а во една е причинета материјална штета.

Во текот на изминатите три дена полицијата презела казнени мерки поради поголем број прекршоци кај 107 возачи  кои се движеле со брзина поголема од дозволената, 14 возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, девет возачи поминале на црвено светло на семафор, како и кај 48 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Санкционирани се и 14 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор за пешаци. Затекнати се и 76 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 92 возила. 

Во рамки на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со учениците од второ одделение во ООУ „Владо Тасевски“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Карпош.

Најчитани вести