Викендов во Скопје 24 сообраќајки

Четиринаесет лица се повредени во 24 сообраќајни незгоди во Скопје во текот на изминатите три дена.

Сообраќајната полиција во петокот се регистрирала 11 сообраќајки, од кои во четири со полесни повреди се здобиле пет лица, а  седум незгоди биле со последица матерјална штета.  Завчера е извршен увид на 10 сообраќајни незгоди. Од нив, седум се со последица материјална штета и три се со последица телесна повредна во кои со полесни повреди се здобиле седум лица. Во трите  сообраќајни незгоди што се регистрирани вчера, две се со последица материјална штета и една со последица телесна повреда во која се повредени две лица.

Во текот на изминатите три дена сообраќајната полиција санкционирала 23 возачи кои возеле под дејство на алкохол, 27 возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, а 18 користеле мобилен телефон  при возење.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на трите дена од страна на сообраќајната полиција се отстранети 89 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни активности во ОУ „Цветан Димов“ во општина Чаир, со учениците од второ и четврто одделение. За денеска не се најавени вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.