Викендов во Скопје 31 сообраќајка – 20 повредени и 2 жртви

Триесет и една сообраќајна несреќа се случила во текот на изминатиот викенд на подрачјето на град Скопје.

Повредени се дваесет лица, а две го загубиле животот.

Сообраќајната полиција на 11. март извршила увид на 11 сообраќајни незгоди, од кои пет се со последица материјална штета, три се со последици телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле три лица.

Се случиле и две незгоди во кои со тешки телесни повреди се здобиле двајца пешаци.

Се случила и една незгода со загинато лице на мостот Гоце Делчев помеѓу патничко возило „Фиат Пунто“ и возило марка „Цитроен“ и двете возила со скопски регистарски таблици управувани од граѓани од Скопје.

На 12. март извршен е увид на вкупно 11сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета, четири со последици телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле пет лица. Се случила и една незгода во која со тешки телесни повреди се здобил возач на патничко моторно возило.

Од страна на сообраќајната полиција на 13. март извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди, во кои четири се со последици материјална штета, четири се со последица телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле шест лица. Се случила и една незгода во која еден пешак се здобил со тешки телесни повреди.

Се случила и една незгода, во која има загинато лице. Несреќата се случила околу 07.40 часот на обиколницата на град Скопје во близина на клучка Смиљковци, во која учествувало возило „БМВ Х6“ со охридски регистерски таблици управувано од граѓаниин на Охрид. Охриѓанецот излегол надвор од коловозот, удрил во метални еластични одбојници, се извртел со возилото и запрел на локалниот пат село Смиљковци – населба Бутел. Како последица од незгодата возачот го загубил животот на лице место, а со тешки телесни пшовреди се здобиле двајца сопатници.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.