Викендов времен режим на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“

Градот Скопје ги известува граѓаните дека викендов во период од 07 до 17 часот, на дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, на потегот од крстосницата со булевар „8-ми Септември“ до крстосницата со улица „Московска“, сообраќајот ќе се одвива согласно со времено поставениот режим.

Времениот режим се воспоставува поради изведба на градежни активности – попречни прекопи за поставување подземна инсталација.