Викендов времен режим на Партизанска

Градот Скопје ги информира граѓаните дека во деновите од претстојниот викенд /06.09.2014 година, сабота и 07.09.2014 година, недела/ на улицата Ѓорче Петров, во делот кај раскрсницата со булеварот Партизански одреди, ќе се вршат градежни работи – прекопи за поставување подземни инсталации. Поради тоа, на дел од улицата Ѓорче Петров, во делот кај раскрсницата, ќе се воведе привремен сообраќаен режим.

Утре /06.08.2014 година, сабота/ од 8 до 12 часот ќе се затвори за сообраќај булеварот Партизански одреди од крстосницата со улицата Ѓорче Петров до кружниот тек кај црквата „Свети Петар и Павле“, поради изведување градежни работи.

На булеварот Партизански одреди и на улицата Ѓорче Петров во деновите од претстојниот викенд ќе биде поставена соодветна патна сигнализација.

Од Градот апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.