Македонија

Викендов времен сообраќаен режим кон Водно

Викендов времен сообраќаен режим кон Водно

Поради најавениот ридски натпревар во автомобилизам, што треба да се одржи задутре на Водно, викендов СВР Скопје ќе воспостави посебен сообраќаен режим за движење на возила и пешаци.

– Утре за кого е  предвидено одржувањето на официјалниот тренинг, како и задутре, во периодот од девет до 16 часот ќе биде затворен за сообраќај локалниот пат од комплексот станбени објекти „Скала“ кон Средно Водно, соопшти Министерството за внатрешни работи.