Викендов времен сообраќаен режим на булеварот Борис Трајковски

Викендов ќе се изедуваат прекопи за поставување попречни инсталациии на булеварот Борис Трајковски, информираат од Град Скопје.

Во сабота ќе се работат прекопи пред влезот во ресторан Градина и пред влезот на фабриката Билјана. Во недела, прекопи ќе се изведуваат кај  излезот од салонот за мебел Кристина  Дамил и пред влезот на Алумил.

-Ве известуваме дека за време на изведувањето на прекопи булеварот нема да биде комплетно затворен за сообраќај, туку истиот ќе се одвива во фазна регулација, односно ќе биде биде проодна во секое време една сообраќајна лента и сообраќајот ќе се регулира со знаменца. Исто така ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација при вршење на прекопите. Прекопите ќе се вршат од 07.00 часот до 16.00 часот. Ги молиме сите учесниците, поради ефикасно и безбедно одвивање на сообраќајот, да ја почитуваат поставената сигнализација и воспоставениот режим на сообраќај, велат од Град Скопје.