Викендов времен сообраќаен режим на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов

Градот Скопје ги информира граѓаните дека во сабота и во недела односно на 12.07 и 13.07.2014 година, на дел од булeварот Митрополит Теодосиј Гологанов на потегот од крстосницата со булеварот 8-ми Септември до крстосницата со улицата Московска сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено воведен режим.

Времениот режим се воведува поради изведба на градежни активности – попречни прекопи за поставување подземна инсталација во периодот од 7 до 17 часот.

Градот Скопје аплеира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.