Викендов врнежи од снег

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно, а во раните утрински часови се уште ќе има врнежи претежно од снег.

Преку денот ќе има намалување на облачноста, ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од северен правец, а долж Повардарието повремено ќе се засилува.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до еден, а дневната од минус три до четири степени.

Во Скопје утре изутрина ќе провејува слаб снег, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Преку денот ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до два степена.

Во недела попладне кон понеделник ќе настапи нов влажен бран од кој повторно се очекуваат врнежи претежно од снег и формирање нова снежна покривка на повеќе места, а на планините значително ќе се зголеми.

Од почетокот на наредната недела, односно во првите денови од Новата година од североисток ќе се спушта многу студена воздушна маса и ќе предизвика променливо облачно време со сончеви периоди и со услови за провејување на снег, но ќе биде доста студено