Викендов второ прскање против комарци

Град Скопје информира дека викендов, 14 и 15 јуни, во втор наврат ќе изврши аеросолна и терестична дезинсекција.

Аеросолната дезинсекција ќе се изврши на 14 и 15 јуни од 5:30 до до 8 часот.

Терестичната дезинсекција ќе биде од 14 до 19 јуни во периодот од 23 до 3 часот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Град Скопје апелира до пчеларите да ги преземат сите потребни мерки за заштита на пчелите.