Свет

Викиликс ги објави архивите на „Сони Пикчрс“

Викиликс ги објави архивите на „Сони Пикчрс“

Пет месеци по скандалот со хакерскиот напад врз „Сони пикчрс“ Викиликс објави над 30.000 документи од архивите на компанијата со можност за лесно пребарување, објави МИА.

Сајтот во соопштение информира дека на јавно располагање стави вкупно 30.287 документи на „Сони пикчрс ентертејнмент“ (СПЕ) и 173. 132 електронски писма од и до над 2.200 адреси на СПЕ, до кои, според Викиликс треба да има слободен пристап.

Веќе е можно да се прави пребарување меѓу овие податоци со име или клучен збор.

Во ноември СПЕ, која е филијала на јапонската компанија „Сони“, беше цел на масовен хакерски напад. Беа украдени личните податоци на 47. 000 вработени и трети лица, вклучувајќи ги и ѕвездите од шоу бизнисот, како и финансиски документи, сценарија, електронски писма, од кои некои незакоснки беа пуштени на Интернет, а, исто така, и пет филма на студиото.

Хакерите инсиститирале „Сони пикчрс“ да не го емитува филмот „Интервју“, во кој се зборува за севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. На крајот филмот доби дозвола за ограничена дистрибуција.

– Тогаш излегоа најавите за некои истории, но не беше можно да се прават пребарувања во оригиналните архиви, а тие беа повлечени од јавноста и новинарите не можеа да ги проучуваат подлабоко, објасни Викиликс.

„Архивите на Сони сега се објавени во формат што дозволува пребарување, и даваат редок поглед врз организацијата на големата мултинационална компанија“, се додава во соопштението на
Викиликс, во кое се тврди дека во овие архиви може да се видат лобистички активности на компанијата и нејзините врски со Демократската партија на САД.

Во архивите, на пример, се гледа како шефот на СПЕ, Мајкл Линтон, вечера со претседателот Барак Обама или како службеници на компанијата собираат средства за Демократската партија, посебно за гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо.

Скандалот со хакерскиот напад против „Сони пикчрс“ од ноември минатата година во февруари годинава доведе до оставка на шефицата на компанијата Ејми Паскал, по објавувањето на нејзините електронски писма со расистички изјави на адресата на Барак Обама, забележаа француските медиуми.