Викиликс ќе објави нови мејлови на Хилари Клинтон

Основачот на Џулијан Асанж вчера најави дека Викиликс ќе обелодени уште повеќе мејлови на речиси сигурната кандидатката за претседател на САД на демократите, Хилари Клинтон, објави денеска весникот „Гардијан”.

Оваа сага околу преписките на Клинтон трае повеќе од една година. Викиликс лани оформи цела архива од документи, во која се наоѓаат 30.322 електронски писма и записи испратени од и до Клинтон, додека таа беше државен секретар. Документите се во обем од 50.457 страници и го опфаќаат периодот од 30 јуни 2010 до 12 август 2014 година. Од нив, 7,570 се испратени во периодот 2009-2013 година, додава весникот.

Основачот на Викиликс во интервју за телевизиjaтa Ај-Ти-Ви, изјави дека мејловите се преписки на Хилари Клинтон од времето кога таа била државен секретар на САД. Клинтон, чијашто номинација за претседател од Демократската партија, треба да биде само формално потврдена, е под истрага во ФБИ во врска со прекршување на федералните закони и е осомничена дека ја користела својата лична електронска мејл адреса за испраќање доверливи информации.

Асанж, познат и како жесток критичар на Клинтон, призна дека сепак е малку веројатно американскиот врховен обвинител Лорета Линч да покрене постапка за одговорност на кандидатката за претседател.

– Тоа не е можно. Нема ништо да се случи. Но, ФБИ може да инсистира на отстапки на евентуалната идна Администрација на Хилари Клинтон, рече Асанж.

Асанж в минатото ја обвинуваше Клинтон дека е „либерален воинствен јастреб”. Според него, таа како претставничка на власта, била најодговорна фигура во симнувањето на Моамер Гадафи, иако во Пентагон имало и многу противења на тоа.

Тој минатата седмица упати замерки и до Гугл, дека и помага на Клинтон во кампањата и веројатно за тоа ќе добие и некаква награда, ако таа победи на изборите во ноември.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.