Викиликс: НСА прислушувала разговори на неколку светски лидери

Јапонија бара истрага по објавата на Викиликс дека САД ја прислушувала нејзината влада

Генералниот секретар на ОН, германскиот канцелар и други светски лидери биле прислушувани од страна на Агенцијата за национална безбедност на САД (НСА).

Викиликс објави материјали со докази за прислушувањето на светските лидери. На сајтот е објавен список со документи, дел од нив со назнака – строго доверливо.

Според Викиликс, Агенцијата прислушкувала разговори меѓу Бан и Меркел посветени на промените на климата, дискусии на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони. Прислушкувани се и разговори меѓу министри за трговија од ЕУ и Јапонија за тајни „црвени линии“ на нивните страни во преговорите под закрила на СТО.

Интернет порталот објави и детали за приватна средба меѓу Берлускони, Меркел и поранешниот француски претседател Никола Сакрози.

Покажавме како личните средби на Бан биле прислушкувани од една држава чија единствена цел е да ги заштити своите најголеми нафтени компании, коментираше основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

Асанж: Штом генералниот секретар може да е цел, тогаш во опасност се сите – од светски лидери до оние кои ги чистат улиците
Асанж: Штом генералниот секретар може да е цел, тогаш во опасност се сите – од светски лидери до оние кои ги чистат улиците

Ќе биде интересно да ја видиме реакцијата на ОН бидејќи штом генералниот секретар може да е цел, тогаш во опасност се сите – од светски лидери до оние кои ги чистат улиците, додава тој.  Документите се од периодот 2007-2011 година.