недела, 27 ноември 2016  |  Вести денес: 18

„Викиликс“ објави 20 илјади мејлови: Kако е местена победата на Kлинтон над Сандерс

hilari-klinton-foto-ap-1437050015-702163

Последни вести

 

Дваесетте ијади мејлови што ги објави „Викиликс“покажуваат дека Американската Демократска партија работела на дискредитирање на кампањата на нивниот кандидат, сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, во корист на фаворизирање на кампањата на Хилари Kлинтон.

Работата во корист на Kлинтон била завршена многу пред луѓето преку гласање да го кажат крајниот збор.

„Викиликс“ ги лансира имејловите во пресрет на првата партиска конвенција на демократите, која почна вчера во Филаделфија, Пенсилванија, на која се очекува поранешната државна секретарка на САД да биде официјално прогласена за демократски кандидат за американски претседател.

Содржината на пораките се преписки меѓу вработените во партијата, во кои тие расправаат на кој начин да се справат со популарноста на Берни Сандерс, нарекувајќи го предизвик на кандидатурата на Kлинтон. Па, така, наместо партијата да работи непристрасно, во интерес и на Сандерс како реален кандидат, всушност самите демократи свесно ~ го трасирале патот на Kлинтон до нејзино номинирање за претседателски кандидат.

Стратегија за рушење на Сандерс

На пример,. во еден од имејловите, испратен од заменик-директорот за комуникации на демократите, Ерик Вокер, кон неколкумина високи партиски функционери, тој им соопштува дека, всушност, Сандерс водел во Род Ајленд.

– Ако таа се покаже како посупериорна на ова избирачко место, тимот на Берни ќе полуди и ќе манифестира недолично однесување. Потоа веројатно ќе се жалат, пишува Вокер во електронската пошта.

Наместо објективен непристрасен партиски однос кон Сандерс, демократите разговараат за него со презир, но и за неговите гласачи не водејќи грижа дека всушност тоа се гласови и на контото на партијата.

– Се прашувам има ли воопшто добра приказна за Берни, неговата кампањата беше хаос, му пишува заменик-директорот на комуникации Марк Постенбах на својот претпоставен, Луис Миранда, како надоврзување на потегот на претседателката на Демократскиот национален комитет, Деби Васерман Шулц, која го оневозможи пристапот на Сандерсовиот тим до досиејата на гласачите во базата на податоци.

Друг синџир имејлови, пак, открива како Чак Тод од телевизијата MSNBC и членови од редовите на демократите заговараат на кој начин да се дискредитира повикот на Мика Бржежински од истоимениот медиум, Васерман Шулц да поднесе оставка.

Договаран поразот на Сандерс

Повеќето од објавените имејлови се на седум истакнати члена на партијата. По објавување на имејловите, адвокатската фирма Бек и Ли од Флорида поднесе тужба против Васерман Шулц и Демократската партија.

Во другите имејлови јасно е видливо како партијата се обидува со пари собрани, како што некои медиуми ја нарекуваат“ од „Kлинтоновата машина за перење пари“, да ~ наштетат на кампањата на Сандерс.

Без оглед на тактиката на прибирање финансиски средства, имајќи го предвид тоа дека и двете големи кампањи дадоа збор дека ќе стојат настрана од партиските фондови, самата партија требаше да се изземе наместо да работи само во корист на Kлинтон, констатираат низа медиуми.

Имејловите претставуваат крај за демократијата во Демократската партија, се вели во објавата на „Викиликс“, и доказ дека партијата е лично инволвирана во потиснување на Сандерсовата кампања и фаворизирање на Kлинтон.

– Повеќе гласови беа дадени за Kлинтон, ама само по иницијатива на врвот на партијата така што Сандерс не само што мораше да се бори против Kлинтоновата кандидатура, ами и против целиот естаблишмент на демократите. Гласачите почнуваат да стануваат свесни дека нивните гласови се од мала важност за лидерството – се вели во објавата на „Викиликс“.

Тимот на Сандерс барал приватен авион во замена за неговата поддршка кон Хилари

На 5 јуни во хотел во Лос Анџелес, каде што тимот на Сандерс ја минал ноќта за време на својата кампања, пронајден е т.н. меморандум со наслов „Kрај на играта“, во кој луѓето од тимот бараат приватен авион од ДП во замена за Сандерсовата поддршка кон Хилари кога по конвенцијата ќе треба да продолжи нејзината претседателска кампања во трката против кандидатот на републиканците – Доналд Трамп.

Ова е само уште еден од доказите дека и на самиот Сандерс му било јасно дека се работи во насока на намалување на моќта на неговиот кампус како што се наближувала големата национална конвенција.

Најчитани вести