ТОП,Балкан

„Викиликс“ објави 300.000 мејлови на турската влада, Ердоган го блокира пристапот до страницата

„Викиликс“ објави 300.000 мејлови на турската влада, Ердоган го блокира пристапот до страницата

Турција почна процес на блокирање на пристапот до страниците на Викиликс, откако истиот веб сајт објави околу 300.000 приватни имејлови што турската влада ги разменила по пропаднатиот обид за воен преврат во турција, објави Ројтерс.

Блокирањето на пристапот го отпочна турската агенција за надзор на интернет комуникацијата – Одборот за комуникација, откако беа објавени стотици илјади мејлови на членовите на турската владејачка партија АКП.

Одборот овој потег го нарече „административна мерка“, пишува Раша Тудеј наведувајќи дека таа терминологија била користена во минатото кога се блокирал пристапот до веб страници.

Информацијата на својот официјален профил на Твитер го потврди и организацијата Викиликс.