среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 20

„Викиликс“ објави говори на Клинтон на Вол стрит

Во еден од објавените извадоци од говори, Клинтон рекла пред банкарите дека тие имаат најдобра положба за да помогнат во реформи на американскиот финансиски сектор

hilari-klinton

Поврзани вести

„Викиликс“ објави низа нови мејлови од демократската кандидатка за претседател кои опфаќаат извадоци од нејзини говори на Вол стрит.

Наводно, Клинтон рекла дека е потребно да се има јавен и приватен став за одредени прашања, а истотака го критикувала и изборниот систем којшто предвидува кандидатите да соберат огромни суми пари за кампања.

Во еден од објавените извадоци од говори, Клинтон рекла пред банкарите дека тие имаат најдобра положба за да помогнат во реформи на американскиот финансиски сектор и истакнала да поддржува слободна трговија и отворени граници.

 

 

Најчитани вести