Викиликс објави хакирани аудио снимки од американските демократи

Викиликс соопшти денеска дека се објавени нови информации коишто содржат и аудио снимки од заседание на Националниот комитет на американската Демократска партија, пренесува МИА.

Објавувањето на снимки доаѓа во време кога се уште трае Демократската национална конвенција, на која Хилари Клинтон вчера и официјално беше прогласена за кандидат за претседател на САД на Демократската партија.

Објавувањето на првиот пакет електронски пораки на Демократскиот националeн комитет предизвика потрес во самата партија, што доведе до оставка на претседателката на Комитетот, Деби Васерман Шулц, бидејќи меѓу останато преписките открија дека Комитетот и таа лично ја фаворизирале Клинтон во однос на нејзиниот соперник Берни Сандерс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.