Свет

Викиликс објави детали од план на ЕУ против бегалците

Викиликс објави детали од план на ЕУ против бегалците
Викиликс открива детали од воен план на ЕУ против бегалците

Интернет-страницата Викиликс објави доверливи документи во кои се откриваат детали за планот за воени операции на Европска унија против приливот на бегалци во Европа. Извештајот е подготвен на 29 јануари од командантот за операции, контра-адмирал во италијанската морнарица Енрико Кредендино за Военито комитет на ЕУ и Комитетот за политика и безбедност на Унијата.

Во документот се наведуваат статистички податоци за бранот мигранти и детали изведени и планирани со заеднички акции на силите од државите на ЕУ во Медитеранот.

Во извештајот се врши притисок врз одговорни органи во ЕУ да помогнат и да го забрзаат процес на формирање „доверлива“ влада во Либија од која се очекува да ги повика силите на ЕУ да дејствуваат на нејзина територијални води, а подоцна да даде дозвола за проширување на воените операции на копно.

Извештајот е напишан откако пред пет месеци е објавено дека во операцијата „Софија“ ќе учествуваат 22 држави и 1.300 луѓе кои би пресретнувале и одземале сомнителни бродови во Медитеранот.

– Цел на операцијата е првенствено разбивање на групите за шверц на луѓе, а не спречување на приливот бегалци, наведува Институтот за безбедносни студии на ЕУ кои во документот наведоа дека операцијата почнува на 27 јули 2015 година.

Тие тврдат дека е неизвесно дали операцијата ќе може да го оствари својот мандат, односно „неутрализира мрежата на криумчари“, дека само неколку земји-членки на ЕУ имаат вештини и искуство за такви мисии и оти операцијата не може да биде решение за бегалската криза.