Викиликс објави прислушувани разговори на Меркел

Викиликс објави прислушувани разговори на Меркел

Викиликс објави прислушувани разговори на Ангела Меркел и нејзиниот личен асистент во кои тема била грчката криза.

Меркел не била сигурна што би можело да ја спаси Грција, дали намалување на долговите или нов пакет финансиска помош, покажува транскриптот од прислушуваниот разговор во октомври 2011 година.

Таа стравувала дека дури и ако и се прости дел од долгот, Грција нема да може да ги реши проблемите.

Американските тајни служби со години ја прислушувале Ангела Меркел, а Викиликс ги објави тајните документи.

Од снимките се гледа и дека Меркел не била сигурна оти на Грција би и помогнал тим од финансиски експерти. Додека германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле ја поддржувал идејата за намалување на долгот на Грција.

Викиликс вчера објави дека американската Агенција за национална безбедност (НСА) не ја прислушувала само Меркел, туку и неколку германски министри.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.