Викиликс: САД планираа рушење на Сирија уште во 2006-тата (видео)

САД планираа рушење на Сирија уште во 2006-тата. Основачот на викиликс Џулијан Асанж во неговата нова книга „Фајловите на Викиликс“ наведува дека САД планирале да ја соборат владата во Сирија многу порано пред почетокот на бунтот во 2011-тата година.

Во интервју за Раша тудеј, Асанж го презентираше поглавјето за Сирија, во кое што се опфатени настаните од 2006-тата година и телеграмата што ја испратил американскиот амбасадор во Дамаск, Вилијам Робак а се однесува на планот за симнување на претседателот Башар ал Асад во Сирија.

Планот беше да се искористат голем број различни фактори за создавање параноја во сириската влада, по пат на претерување и страв од државен удар, вели Асанж.

Основачот на Викиликс додаве дека најсериозен дел од планот бил да се поттикнат тензии помеѓу шиитите и сунитите.

Асанж: САД планираа рушење на Сирија уште во 2006-тата
Асанж: САД планираа рушење на Сирија уште во 2006-тата

Конкретно, тоа значело дека се шират лажни гласини дека Иран се обидува да ги преобрати сунитите, како и дека се работи со Саудиска Арабија и Египет за да се создаде перцепција што ќе го отежне влијанието на Иран, како и влијание на сириската влада врз граѓаните.

Асанж нагласува дека телеграмата на американскиот амбасадор Робак е загрижувачка, затоа што таквите телеграми често мора да се читаат „помеѓу редови“.

За да сфатиме што се случува во Сирија, мора да ги согледаме регионалните сојузи. Дел од проблемите во Сирија е тоа што има голем број американски сојузници што ја окружуваат, првенствено Саудиска Арабија и Катар, кои земаат пари и оружје, а Турција, исто така е „сериозен играч“, вели Асанж.

Според неговите зборови секој од нив има сопствени хегемонистички амбиции во регионот.

Како што додава нема сомнеж дека во таа група е и Израел и ако Сирија се дестабилизира, тој би бил во позиција засекогаш да ја задржи Голанската висорамнина, па дури и да придодаде повеќе територии.

Така, значи имате голем број играчи околу Сирија, што бараат начин да одгризаат некој дел, посочува Асанж.