Виктор Груевски: Благодарение на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, Сопиште доби еден голем проект како Сончев град

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своите панел дискусии, каде што се оценува работата на новата Влада, она што може да биде подобро, како и се кажуваат проектите кои ВМРО-ДПМНЕ ги има направено за граѓаните. На денешниот панел „Инвестираме во општините за подобар живот на граѓаните“, говореше Виктор Груевски, кој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ во Општина Сопиште како тим работелe напорно.

Рече дека од една рурална средина каде што инфраструктурно недостигале многу работи, Сопиште се претвори во атрактивна општина. Напомена дека сето тоа е плод на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, како на централно, така и на локално ниво.

„Ќе започнам подетално со низа на проекти коишто ВМРО-ДПМНЕ одговорно ги вети, а потоа и ги исполни, на големо задоволство, како за граѓаните на општината, што им го подобри нивниот живот и живеењето во општината, така и за многу потенцијални жители кои во моментов сакаат да изградат свое живеалиште во Сопиште или пак да имаат своја викенд куќа“, рече Груевски.

Кажа дека еден од најголемите проекти, а можеби и еден од најголемите во државата, е Сончевиот град. Напомена дека благодарение на ВМРО-ДПМНЕ општината се здобила со еден таков голем проект, со што Сопиште станало препознатливо во целата држава. Тој напомена и уште некои елитни населби кои никнале во општината.

„За да стане општината толку атрактивна требаше доста вложувања, тука мора да сме пак благодарни на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, со нејзината работа се донесоа доста големи инвестиции во општината, започна со патната инфраструктура. Во оштината би можело да се каже дека е реконструирана или изградена 90 проценти од патната инфраструктура“, рече Груевски.