Виктор Јушченко повика на дијалог меѓу власта и опозицијата во Украина

Поранешниот претседател на Украина, Виктор Јушченко изјави дека сегашните украински власти имаат само неколку дена, за да го запрат зголемувањето на тензиите во земјата, пренесуваат локалните медиуми. Јушченко ја повика Владата и опозицијата да започнат дијалог.

Поранешниот претседател ја изрази својата солидарност со украинските граѓани кои излегоа на плоштадот „Независност“, за да ја поддржат европската интеграција на Украина.

Во меѓувреме, украинските активисти, кои се наоѓаат во зградата на Градското собрание во Киев, веќе собрале три илјади потписи за оставка на сегашната Влада под водство на Николај Азаров.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.