Виктор Орбан: Прашањето за името не треба да биде пречка за ЕУ и НАТО

Што побрзо започнување на преговорите за членство на Македонија во Евроспката Унија и НАТО, е пораката што ја упати Виктор Орбан од Унгарскиот Парламент, кој вчера ја прими наградата „Гоце Делчев“ што ја доделува Обединетата Македонска Дијаспора.

Според него, како и според ставот на Унгарија, постоечката дебата за името со Грција не може да биде пречка за започнување на преговорите со Македонија за членство во ЕУ и покана за НАТО.

Македонија се посвети на членството во ЕУ и НАТО, се подготви, ги заврши сите потребни задачи. Затоа неразбирливо е зошто Унијата и Северно-атлантскиот сојуз ’гради’ еден таков долг кон балканската држава, што и покрај тоа што признава, дека Македонија е подготвена за приклучување, сепак не ги започнува преговорите со неа. Напомена, дека и причината за тоа е позната: дебатата за името помеѓу Македонија и Грција, потенцирал Орбан.

Премиерот во својот говор потсетил, дека и покрај тоа што со децении македонците и унгарците живееле во различен комунистички систем, сепак и македонците страдаат од исти работи како и унгарците, како на пример недостаток на слобода, запоставување на националната култура и немање на право на слободно движење.

„Затоа Унгарија поради “чувството назаедничката судбина” се залага за случајот на Македонија на меѓународната сцена“, додал Орбан.

Примајќи ја наградата Орбан истакнал дека ја смета за  признание за цела Унгарија од страна на македонскиот народ.

„Ваквите награди го симболизираат и тоа дека борбата за слобода никогаш не е безнадежна“, посочил премиерот Орбан.

Претседателот на ОМД, Мето Коловски на церемонијата за врачување на наградата рекол дека со неа се одава признание на ангажманот на Виктор Орбан за поддршка на напорите на Македонија за интеграција, како и неговата работа на планот на зацврстување на унгарско-македонските односи, особено на економско поле.