Виктор Понта размислува да поднесе оставка

Романскиот премиер Виктор Понта изјави дека размислувал да поднесе оставка, откако бил информиран дека е осомничен за корупција, но одлучил да остане со цел да обезбеди политичка стабилност во земјата, објави МИА.

Виктор Понта денеска изјави дека оставка на неговата влада би предизвикало политичка криза од три, четири, пет месеци и повеќе.

Романскиот парламент денеска се собра со цел да гласа по барањето на главниот обвинител за започнување на кривично гонење против премиерот. На 5 јуни обвинителството од Националната дирекција за борба против корупцијата објави дека Понта е осомничен за корупција, вклучително и за даночно затајување од 2007 до 2008 година додека бил пратеник.

Претседателот Клаус Јоханис го повика премиерот Понта да поднесе оставка.

Понта денеска изјави дека соработува со обвинителството и го отфрли обвиненијата за вмешаност во корупција