Виктор Валдес под палката на Ван Гал

Виктор Валдес, поранешниот голман на Барселона, доби покана од тимот на Манчестер Јунајтед.

Тој би можел да тренира со “црвените ѓаволи” во текот на рехабилитацијата по повредата на коленото. Шпанецот минатата сезона во март ги повреди лигаментите на мечот против Селта Виго, и од тогаш е надвор од терените.

Неговиот договор со Барселона заврши, а поради желба за нов предизвик, одби да го продолжи истиот.

Инаку одлуката Валдес да биде повикан во тимот на Јунајтед ја донел Луј Ван Гал, кој му беше тренер кога го тренираше тимот на Барселона.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.