Магазин

Викторија: Бруно Марс и Марк Ронсон ми ја украдоа песната!

Викторија: Бруно Марс и Марк Ронсон ми ја украдоа песната!
Викторија: Бруно Марс и Марк Ронсон ми ја украдоа песната!

Српската пејачка Снежана Мишковиќ Викторија верува дека нејзината песна „Улице мрачне нису за девојке“ од 1984 година и ја украле светските музички ѕвезди Бруно Марс и Марк Ронсон. Таа тврди дека хитот „Uptown Funk“ содржи 80 проценти од нејзина нумера, пишува српски „Свет“.

Викторија тврди дека хитот „Uptown Funk“ содржи 80 проценти од нејзина нумера
Викторија тврди дека хитот „Uptown Funk“ содржи 80 проценти од нејзина нумера

Тоа веќе не се ниту фамозните четири такта, колку што е дозволено да се земе како инспирација за вашата песна. Сепак, не се брзам со тужбата. Не се „палам“ на тоа. Таквите процеси се долги, а мојот живот и кариера не зависат од тоа, рекла Викторија.

Викторија жали што многумина не препознале дека тој светски хит е плагијат.

За тие тужби треба многу пари, адвокатите работат на процент. Ако сепак одлучам да ги тужам и ако добијам, ќе морам да смислам што ќе правам со тие пари,  рекла Викторија со насмевка и додала дека посакува нејзината песна „Улице мрачне нису за девојке“ повторно да ја вртат низ радио-станиците.

Слушнете ги двете песни и проценете самите: