Викторија и Дејвид се подготвуваат за петто дете

Викторија и Дејвид Бекам се подготвуваат за петто дете. Извори блиски на Тени Ремси, пријателката на Викторија тврдат дека познатата двојка се подготвува за нов член на семејството.

Викторија (42) наводно се доверила дека нејзината исхрана богата со спанаќ дополнително ја збогатила со внесување брокула и лиснат зеленчук, богат со фолна киселина.

Сите оние што сакаат бебе треба да знаат дека продуктите богати со фолна киселина ја зголемуваат можноста за бременост, а експертите препорачуваат да почнете да ги консумирате три месеци пред да почнете да „работите на случајот“.

Инаку, Дејвид за медиумите отворено говореше дека сака уште едно дете веднаш по раѓањето на најмладата ќерка Харпер во 2011-тата година, но дека Викторија се противела.