Викторија и Дејвид Бекам ќе живеат во раскошна вила од 42 милиони долари (ФОТО)

Дали најскапиот дом во Велика Британија е новата адреса на славното семејство?

Последните седум дена во светските медиуми се шушка дека семејството Бекам наскоро ќе се сели во најскапиот имот во Велика Британија, раскошниот Аботсвуд.

Селски имот чија цена е поддеднакво магепсувачка како и изгледот (41.8 милиони долари), е еден од оние кои го посетиле Викторија и Дејвид Бекам, во потрага по нов дом.

Тоа што оваа резиденција е најскапа од сите недвижности во Велика Британја, познатото семејство не го загрижува, бидејќи импозантните градини, земја со величина на 380 фудбалски игралишта, десет спални, шест бањи, но и соседи како Кејт Мос, Елизабет Харли и Сем Мендез, сосема ја оправдуваат оваа непристојно висока цена.

Куќата датира уште од 1862. а опкружена е со атрактивни англиски градини.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.