Викторија и Дејвид Бекам се разведуваат по 16 години брак?!

Викторија и Дејвид Бекам се разведуваат по 16 години брак?!
Викторија и Дејвид Бекам се разведуваат по 16 години брак?!

Медиумите наголемо шпекулираат дека една од најпознатите шоубиз двојки, Викторија и Дејвид Бекам донеле одлука да се разведат по 16 години брак. Како што пренесуваат медиумите познатата дизајнерка отстранила неколку тетоважи од своето тело кои иле посветени на нејзиниот сопруг, и тоа ги поттиканло гласините за нивниот развод.

Поранешната членка на групата „Спајс грлс“, со ласерска интервенција го отстранила датумот кој и бил истетовиран на грбот, кој бил испишан кога таа и Дејвид во 2006 година ги обновиле брачните завети.

Додека кружи приказната дека се разведуваат и дека поради тоа ги отстранува посветите  кои ги истетовирала на своето тело, Викторија тврди дека ги отстранува бидејќи сака посериозно да биде сфатена во модната индустрија.

Двојката се венчаше во 1999 година, а во бракот добила четири деца: синовите Бруклин, Ромео и Круз и ќерката Харпер Севен.

david-victoria-beckham