среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 12

Викторија Нуланд во понеделник во Скопје

Помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот, Викторија Нуланд, во понделеник ќе ја посети Македонија.

MACEDONIA US NATO

Поврзани вести

Помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот, Викторија Нуланд, во понделеник ќе ја посети Македонија.

Како што соопшти Амбасадата на САД во Скопје, за време на посетата, таа ќе оствари средби со претставници на Владата, функционери на политички партии и претставници на граѓанското општество.

На средбите, според соопштението, ќе се разговара за билатерални и регионални прашања, вклучувајќи ја и потребата за решавање на тековната политичка криза, поддршката за работата на Канцеларијата на специјалниот јавен обвинител, како и создавањето услови за кредибилни избори.

Посетата на Викторија Нуланд на Македонија е во рамки на нејзината турнеја низ неколку земји во регионот во која се вклучени и Косово, Албанија, Србија и Кипар.

Најчитани вести