Вилбур Рос е изборот на Трамп за министер за трговија

Инвеститорот и милијардер Вилбур Рос е изборот на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп за министер за трговија, наведе висок претставник од тимот на новоизбраниот американски претседател.

Рос е познат како „кралот на банкротот“, бидејќи има спечалено богатство со купување фирми што пропаѓаат и потоа со нивно повторно издигнување.

Според оценките на „Форбс“ неговиот имот се проценува на приближно три милијарди долари.

– Причината поради која го поддржувам Трамп е дека, според мене, имаме потреба од нов порадикален пристап кон управувањето од она што го имавме досега, изјави Рос во јуни за телевизијата „Си-Ен-Би-Си“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.