Вилета олимписки шампион во суперкомбинација

Швајцарскиот скијач Сандро Вилета се закити со златниот медал во суперкомбинација  на Зимските олимписки игри во Сочи.

Швајцарецот, кој првиот дел од трката, односно спустот го заврши дури на 14. место, направи неверојатен камбек во слаломот и со самото тоа приреди огромна сензација оставајќи ги зад себе Хрватот Ивица Костелиќ и Криштоф Инерхофер од Италија. Ова е историски успех и за Швајцарија на едни ЗОИ, бидејќи со денешната победа Вилета стана првиот натпреварувач од оваа земја кој го освоил златото во суперкомбинација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.