Вилијам Гала ја завршува кариерата

Поранешниот репрезентативец на Франција, Вилијам Гала, соопшти дека ја завршува играчката кариера.

37-годишниот Галас за “Л’Екип” истакна дека по 19 години активно играње фудбал повеќе не е во состојба професионално да се занимава со овој спорт.

Гала својата кариера ја почна во Кан во 1995. година, а за репрезентацијата на Франција настапи на 84 натпревари и постигна 5 голови. Со “триколорите” играше во финалето на Мундијалот во 2006. година, кога Франција загуби од Италија на пенали.

Во клупската кариера играше и за Олимпик Марсеј, Челзи, Арсенал и Тотенхем, а минатата сезона потпиша едногодишен договор со Перт.