Вилијам Хејг: Европа е на работ на нова Студена војна со Русија

Европа е на работ на нова Студена војна со Русија, која може да трае со години, истакнал министерот за надворешни работи на Велика Британија, Вилијам Хејг и ја предупреди Русија против дејствија што може да доведат до дестабилизација во источна Украина, пишува „Гардијан“.

Хејг наведе дека целиот свет го смета референдумот во кој мнозинството од жителите на Крим гласаа за отцепување од Украина и пристапувањето кон Русија, за нелегален.

Тој додаде дека напорите за постигнување на политичко решавање на кризата ќе продолжи, но призна дека нема знаци за тоа дека Русија сака деескалација на кризата, со оглед на неуспехот на преговорите меѓу државниот секретар на САД, Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Побарано од „Би-Би-Си“ да го опише степенот на кризата, Хејг рекол: „Не можам да го опишам како нова Студена војна, но тоа ќе зависи од насоката на настаните во следните денови“.

Министерот истакнал дека Русија веќе е подложена на сериозна изолација, истакнувајќи дека само таа го искористила правото на вето во Советот за безбедност на ОН на крајот од минатата недела.