Свет

Вилијам Хејг: Европа е подготвена за повеќе санкции кон Русија доколку е потребно

Вилијам Хејг: Европа е подготвена за повеќе санкции кон Русија доколку е потребно

Вилијам Хејг, британскиот министер за надворешни работи, во обраќање на состанок на министрите за надворепни работи на Европската унија во Луксембург денеска, рекол дека 28-те земји членки сакаат да видат Москва да да реагира на мировниот план на Украина за сопирање на судирите, пред да донесат било какви одлуки, притоа мислејќи на донесување на одлука за применување на поголеми санкции кон Русија. Тој исто така изјавил дека Европската унија е подготвена да наметне нови санкции за Русија доколку е тоа потребно, пренесе „Москоу Тајмс“.

Кон крајот на оваа недела, лидерите на ЕУ ќе одржат самит во Брисле и можно е да донесат нови одлуки  или санкции.

„Рускиот претседател Владимир Путин не треба да има сомнежи дека во Европската унија сме спремни да ги донесеме тие мерки“, им рекол Хејг на репортерите. „Направивме многу подготвки за проширување за санкциите за Русија“.

„Тоа е одлука која останува да биде донесена во петок.. До петок, мислам дека ќе имаме можност да видиме дека Русија ќе одговори на миорвниот план“, рекол тој.

ЕУ веќе наметна санкции за Русија во неколку наврати заради нејзините акции во Украина, но сепак Русија се извлекува од договор за важните економски мерки, и кај некои членки постои стравување заради снабдувањето со гас.