Вилијамс бил позитивен на допинг тест

Кошаркарот на Црвена Звезда, Маркус Вилијамс бил позитивен на допинг тест
Маркус Вилијамс бил позитивен на допинг тест

Еден од главните играчи на Црвена Звезда минатата сезона, Маркус Вилијамс бил позитивен на допинг тест на марихуана по првиот натпревар од финалната серија на српскиот шампионат против Партизан.

Резултатите се добиени денеска, 40 дена после тој меч и се очекува казната од клубот и Кошаркарскиот сојуз на Србија за американскиот кошаркар. Тоа е огромна дамка за титулата на Црвена Звезда, прва по 17 години, но за клубот нема да има никакви санкции и опасност, евентуално, трофејот да биде одземен. Вилијамс би требало да е во тимот на Звезда и идната сезона, освен ако клубот не одлучи да го избрка или да го казни на подолг период.

На спомнатиот натпревар, кој Звезда го доби со 78:64, Вилијамс одигра 23 минути и постигна 11 поени.