Вилијамс е бремена – чека дете од Дрејк

Серена е бремена - чека дете од Дрејк

Веќе подолго време се зборува дека позната тенисерка и музичарот се во врска, а сега, блиска пријателка на Серена откри дека таа е бремена.

Поради бременоста, Вилијамс не излегува често во јавноста, а исто така, гласините на некој начин ги потврди и нејзиниот татко кој изјави дека “таа крие нешто кое влијае на нејзината игра”.

Тенисерката која има 34 години сѐ уште се нема огласено на оваа тема, но веќе јасно е дека таа во скоро време ќе мора да замине во пензија.

Вилијамс е лидер на ВТА-листата со 9945 поени со предност од дури 4200 поени во однос на второпласираната Симона Халеп.