Вилијамсон не нашол докази за трговија со органи?

Овинителот Клинт Вилијамсон нашол разни докази за воени злосторства на поранешните припадници на ОВК, но не и докази дека на Косово имало трговија со органи, пишуваат Приштинските медиуми.

Според пишувањата на српските новински портали, приштинскиот весник „Коха диторе“ тврди дека тимот на американскиот обвинител пронашол доволно докази за обвинение против најмалку десет поранешни припадници на ОВК, заради воени злосторства над цивили, во најголем дел Срби, но и дека за случаите на организиран криминал и трговија со органи во извештајот на Дик Марти нема доволно докази.

Исто така, медиумите наведуваат дека се очекува припадниците на ОВК да бидат обвинети под поединечни кривична одговорност, бидејќи Вилијамсон наводно не собрал дволно докази ни за утврдување на командна одговорност.

Тоа значи дека луѓето означени како лидери на ОВК,како што се косовскиот премиер Хашим Тачи и кандидатото за неговото место Рамуш Харадинај би биле ослободени од секаква кривична одговорност.

Како што пренесуваат медиумите, против некои припадници на ОВК ќе бидат покренати обвиненија и за исчезнување на голем број на Срби од Зочиште и Ораховац, а за одговорни се сметаат и двајца високи офицери  на ОВК, пренесуваат медиумите.

Приштинските весници прецизираат дека се најдени докази за злосторствата извршени веднаш откако прекина бомбардирањето на НАТО на Косово во 1999 година. Приштинските медиуми шпекулираат дека ќе бидат обвинети „меѓу десет и дваесет“ луѓе, дека нема да бидат објавени имиња, нити дека ќе бидат прецизирани злосторствата, но дека ќе биде објавена „природатна злосторствата“.

„Така ќе биде отфрлена „драмата за жолтата куќа“, која го пратеше имиџот на Косово и ослободителната борба. Во текот на истрагата се пронајдени докази за некои злостори  кои поранешните припадници на оваа герила (ОВК) ги извршиле веднаш по завршувањето на бомбардирањето на НАТО“, пишуваат приштинските весници.

Клинт Вилијамсон, главниот обвинител на Специјалниот тим на истрага за трговија со човечки органи на Косово, денеска ќе разговара и со српскиот премиер Александар Вучиќ во Белград.