Вилијамсон верува дека ќе може да отпочне обвиненија

Главниот обвинител на Еулекс за истрагата за трговија со човечки органи на Косово и Метохија од 1999 година Клинт Вилијамсон рекол дека во Брисел не се најдени доволно докази дека се киднапирани лица на Косово во 1999 година, насилно вадени органи, но дека верува дека ќе може да отпочне обвиненија против некои лидери на ОВК, пишува српски „Курир“.

„Тоа што засега нема докази, не значи дека нема ни да ги има“, укажал Вилијамсон и потсетил дека во извештајот на специјалниот известувач Дик Марти речено е дека се работи за неколку случаи на вадење органи, а не стотици. Запрашан што значи дека е „шака луѓе“ учествувале во трговијата со органи, рекол дека тоа значи дека бројот не надминува 10.

„Елементи од високата команда на ОВК после завршувањето на судирите на Косово во 1999 година, организирале етничко чистење од Ибар, а потоа и елиминација на политичките ривали“ рекол Вилијамсон. Запрашан дали во злосторствата е вмешана Дреничката група, со која раководел Хашим Тачи, рекол дека наодите се складни со Мартиевиот извештај.

Поранешниот обвинител на Хашкиот трибунал Карла дел Понте жали што се пронајдени докази за отпочнување на обвинение против одговорни за трговија со органи.